Охридско макало со лук
Во кошничка имате 0 парчиња.
Овој деликатес е традиционален за охридскиот регион, но баш во макалото од Папас Фуд ќе го пронајдете вистинскиот автентичен и богат вкус. Во ова макало се користи исклучиво македонски лук, па така и производството на макалото е тесно врзано и со периодот кога вирее оваа сорта на лук.
Инаку макалото е направено само од 4 состојки – македонски лук, сончогледово масло, вински оцет и сол, состојките се совршено избалансирани и така е добиен вкусот по кој ова макало е препознатливо.
Макалото се прави исто како што се правело и пред стотици години од луѓето кои живееле во Трпејца и нејзината околина. Покрај одличниот вкус и хранливата вредност, макалото важи и за заштитник на вашиот имунитет и храна која ќе се погрижи за вашето здравје.
Охридското макало можете да го вкусите намачкано на тазе потпечено лепче, со риба, охридски губи и тарана, со тестенини, но секако ќе оставиме и неколку комбинации да направи и вашата имагинација.
Наименување |
Макало од лук
|
Земја на потекло: |
Македонија
|
Состојки |
Лук, вински оцет, сончогледово масло, сол
|
Тежина: |
180 гр
|
Пакување: |
Тегла
|
Начин на чување |
Суво и темно место, на температура до 24 степени
|
Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
Нутритивна вредност во |
100 гр
|
Енергетска вредност |
331,4 kcal
|
Масти |
30,9 гр
|
Јаглехидрати |
8,64 гр
|
Протеини |
1,7 гр
|
Сол: |
0,45 гр
|