×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Планински чај

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 75 ден.

Галичица е едно од најмагичните места во нашата земја, а со својата раскошна природа таа на располагање ни остава голем број на специјалитети во кои можеме да уживаме. Сѐ што треба да направиме е да ги препознаеме овие уникатни деликатеси.  
 
Токму од падините на недопрената природа на Галичица доаѓа и планинскиот чај од Папас Фуд. Чајот не е специјално одгледуван, тој е препуштен на милоста на планината, и како див се бере. Откако ќе се набере, чајот се суши под стреа, се избегнува директно сонце за да не му ја уништи хранливоста и аромата и е постојано под струење на планинскиот чист воздух и ветер. Нека им е на здравје на сите што ќе го пробаат. 

Наименување Чај од Галичица
Тежина Една китка
Земја на потекло: Македонија
Начин на чување Суво и ладно место

Слични производи