Традиционално кравјо кисело млеко
Во кошничка имате 0 парчиња.
Киселото млеко во оваа фарма се подготвува по стар рецепт, кој е чуван и пренесуван со векови. Во него има природно и здраво млеко, потквас и уште една состојка која се чува како тајна, бидејќи во неа се крие автентичниот и добро препознатлив вкус на ова кисело млеко. Нашето кисело млеко е спакувано во стаклена тегла, баш како на времето.
Инаку киселото млеко се препорачува како додаток на секоја исхрана, наменето е и за сите возрасти. Благотворно делува на дигестивниот тракт и го зајакнува имунолошкиот систем на телото. Нашето киселото млеко е природно и изобилува со голем број на витамини кои се важни за човековиот организам. Тоа одлично влијае на метаболизмот, не ја зголемува телесната тежина, па затоа и често се препорачува од голем број нутриционисти како дел од исхраната.
Едноставните и природни состојки го прават нашето кисело млеко одлично исхрана за доилки и за деца.
| Наименување |
Традиционално кравјо кисело млеко
|
| Тежина |
520 гр
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Стаклена тегла
|
| Рок на траење |
7 - 8 денови
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература од 0 - 6 °C
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
62 kcal
|
| Масти |
3,3 гр
|
| Јаглехидрати |
4,7 гр
|
| Белковини |
3,5 гр
|