Младо кравјо сирење
Во кошничка имате 0 парчиња.
Младото сирење со својот мек состав и пикантен вкус е храна која причинува задоволство на речиси сите гурмани. Го пакуваме во тегли, пресечено на малечки коцки, бидејќи сакаме целосно да уживате во неговиот оригинален вкус. Се прави со вистинско млеко и со маја за сирење, а во него се задржани сите хранливи состојки.
За разлика од останатите сирења, младото сирење содржи помалку масти и калории, но и покрај тоа, сирењето е богато со протеини. Изобилството на протеини го ублажува гладот, па така ова сирење е погодно да биде дел од вашата вечера. Често го консумираат и луѓе кои се занимаваат со спорт, но и оние кои практикуваат некоја диета. Младото сирење е богато со калциум, а со консумирање од само 70 грама во порција, вие веќе сте ја исполниле и дневната потребна количина на организмот. Веруваме дека ќе пронајдете многу начини, како да го консумирате овој здрав додадок во храната.
Едноставните и природните состојки го прават нашето младо кравјо сирење одлично за исхрана на доилки и на деца.
| Наименување |
Младо кравјо сирење
|
| Тежина |
450 гр
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Стаклена тегла
|
| Рок на траење |
12 денови
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература од 0 - 6 °C
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
115 kcal
|
| Масти |
5,5 гр
|
| Јаглехидрати |
4 гр
|
| Белковини |
12,5 гр
|