Кравја рикота од полномасно млеко
Во кошничка имате 0 парчиња.
Рикотата претставува супер младо сирење кое во Млеко од нашата фарма се прави исклучиво од полномасно млеко, а не од сурутка. Затоа кај нас рикотата има силен вкус и уште поинтензивна арома, а нејзината текстура е деликатна и мека. Инаку нашиот рецепт за рикотата или т.н. бејби урда потекнува од бачилата на Сува Гора, кај селото Брезница. Рецептот за рикота кај нас содржи само млеко и сол (1, 5 %), тоа е сѐ.
На многу места во светот, а пред сѐ и во италијанската кујна и во медитеранска диета, рикотата се користи како дохрана за деца, бебиња, па дури и за доенчиња, а тоа доволно говори за природата која се содржи во неа.
Меѓу другото рикотата помага да се намали телесната тежина, односно да се забрза метаболизмот, а од друга страна е добар извор на протеини, Б витамини, здрави масти и разни минерали. Едноставно кажано, рикотата е одлична за нормално функционирање на телото.
| Наименување |
Кравја рикота од полномасно млеко
|
| Тежина |
450 гр
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Стаклена тегла
|
| Рок на траење |
7 - 8 денови
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература од 0 - 6 °C
|
| Енергетска вредност |
175 kcal
|
| Масти |
11,6 гр
|
| Јаглехидрати: |
0,5 гр
|
| Белковини |
16,1 гр
|