×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Лупен овес

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 102 ден.

Лупениот овес се категоризира во групата на житарки. Лупениот овес изобилува со голем број на нутритивни својства. Со неговата консумација внесувате многу хранливи материи кои му се неопходни на организмот.

За разлика од многу други житарки, во овесот постои изобилство од еден многу важен минерал за правилно функционирање на човечкото тело, а тоа е јодот. Со консумација на овесот, внесувате важни количини јод, кој како есенцијална компонента на тироидните хормони игра важна улога во метаболичката регулација, синтезата на протеините, ензимската активност и многу други важни физиолошки функции. Интересен факт е дека јодот се излачува и во млекото на доилките, па затоа и тие имаат поголеми дневни потреби за јод и овесот претставува погоден продукт токму за нив.

Употреба: се вари 30 - 40 минути или додека да омекне. Се служи како замена за ориз или како прилог на зеленчукови јадења.

Наименување: 100% лупен овес
Состојки: 100% лупен овес
Тежина: 500 гр
Земја на потекло: Германија
Пакување: Кеса
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 351 kcal / 1478 kJ
Масти: 7 гр
од кои заситени: 1 гр
Јаглехидрати: 56 гр
од кои шеќери: 1 гр
Протеини: 11 гр
Сол: 0,002 гр
Влакна: 10 гр
Алергени: Содржи глутен
Одлично во комбинација со:

Слични производи