×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Маслиново масло Класико

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 570 ден.
  • 456 ден.

Маслиновото масло на Олио Данте Класико е мешавина од рафинирани маслинови масла на кои им се додава екстра девствено маслиново масло со одличен квалитет. Има златно - жолта боја која е матна по изглед. Пријатно ја подобрува аромата на храната без да ја покрие и одлично одговара на сите јадења од италијанската кујна.

Маслиновото масло Данте е исклучително разноврсен производ за употреба во кујна и е особено погоден за правење јадења во кои сакате да ги зачувате оригиналниот вкус и арома на храната. Погоден за секаква употреба, има голема отпорност на високите температури достигнати за време на готвењето. Затоа особено е добар за подготовка на крцкав помфрит. Идеален е за подготовка на зимница и меки и нежни десерти.

Маслиновото масло, освен што е вкусно, тоа е и одлично за вашиот организам. Ќе ви помогне да размислувате побрзо бидејќи е полно со здрави масти. Липидите во маслото помагаат при одржувањето на нервните патишта во вашиот мозок, а ова им овозможува на мозочните импулси да се движат поефикасно. Исто така, тоа е суперхрана за вашето срце, ја подобрува и работата на дигестивниот систем, а може и да ви помогне во процесот на губење на телесната тежина. Маслиновото масло преку антиоксидансите го спречува процесот на стареење, што значи дека ве одржува млади, а ја одржува и свежината на вашите нокти, кожа и коса.

Наименување Маслиново масло
Земја на потекло: Италија
Состојки Маслиново масло, екстра-девствено маслиново масло
Тежина 1 л
Пакување: Стаклено шише
Начин на чување: Да се чува на суво и темно место
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 мл
Енергетска вредност 3378 kЈ / 822 kcal
Масти 91,3 гр
од кои заситени 13,9 гр
монозаситени масти 69,2 гр