×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органско кари во прав

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 265 ден.

Кари, некои го обожаваат, некои се и малку осетливи на него, но сепак сите во едно се сложуваат, а тоа е дека оваа мешавина која содржи помеѓу 5 и 30 различни видови зачини, навистина позитивно влијае врз дигестивниот систем и го подобрува варењето на храната. Органското кари е направено само од органски зачини, а како доказ за тоа е и органскиот сертификат со кој располага.

Ако влеземе подлабоко во карито, ќе видиме дека тоа е направено од мелени делови на сушени растенија, па и оттаму ни доаѓа и неговиот специфичен вкус и мирис. Карито важи за дел од традиционалната азиска кујна, а веќе долго време е прифатено и добро легнува и во македонските јадења. Едноставно додадете го во рецептот кој го подготвувате и веднаш ќе забележите како ќе го збогати со неговиот ориентално - егзотичен вкус.

Употреба: Како природен зачин за јадења, се додава во ориз, варива, супи и сл. Се дозира по вкус.

Наименување: Органско кари во прав
Тежина: 60 гр
Состојки: 100% органскo кари во прав
Земја на потекло: Индија
Пакување: Пластика
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Одлично во комбинација со:

Слични производи