×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Цеден сок од калинка

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 330 ден.

Совршена креација на природата, овошје што ве плени со својот изглед, арома и вкус. Во тркалезна форма и внатрешност исполнета со безброј ситни семки, во силно црвена боја исполнети со магичен сок – тоа е калинката!

Едно од најстарите овошја познати на човекот е калинката. Во повеќе култури и религии, постојат записи за нејзината употреба во кои калинката била почитувана како симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот.

Кувет сокот од калинка е добиен со ладно цедење од зрната на внимателно одбрани сорти на валандовски калинки, во сооднос кој дава уникатен слатко - киселкаст вкус.  Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја. 

Кувет е 100 % сок од овошје, кој воопшто не содржи вода, дополнителни шеќер, конзерванси, вештачки бои или ароми. 

Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданси отколку што има во една чаша црвено вино, зелен чај, боровинки и малини. Калинката изобилува со витамини К, Ц, фолна киселина, бакар и калиум.

Наименување 100% цеден сок од калинка
Состојки Едно шише содржи сок од 15 валандовски калинки
Тежина 1 л
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Стаклено шише
Начин на чување Да се чува на ладно и темно место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 мл
Енергетска вредност 306 kJ / 73 kcal
Масти: 0 гр
Јаглехидрати 17 гр
од кои шеќери 16 гр
Протеини: 0,8 гр
Сол: 0,1 гр

Слични производи