×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Семе од коприва

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 146 ден.

Гром во коприва не удира, но затоа полн погодок за сите вас може да биде семето од коприва. Знаеме дека копривата е добро познат, штетен плевел, кој расте на запуштени места. Но, иако расте вака, копривата важи за здрава пролетна храна. Активни делови од растението се врвовите од гранчињата, самите листови, семето и самиот корен. Во случајов можете да го консумирате семето од коприва, кое во народната медицина се користи како средство за подобрување на крвната слика, бидејќи ги зголемува црвените крвни зрнца, борејќи се со многу инфекции и нарушувања во организмот.

Копривата е на врвот на лековити билки, а таа содржи витамини од скоро сите групи (Ц, Б, Д, Е и К), како и железо, калиум, калциум, цинк и бакар. Од сето ова што е напишано и сите досегашни докази за корисноста на копривата, веруваме дека лесно ќе се одлучите да го воведете нејзиното семе во вашата секојдневна исхрана.

Употреба: Семето од коприва се додава во супи или варива, по една супена лажица на ден или според потребите.

Наименување Семе од коприва
Тежина: 100 гр
Состојки Семе од коприва
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Кеса
Начин на чување Да се чува на ладно и суво место, добро затворено
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 374 kcal / 1582 kJ
Масти 1,4 - 4,4 гр
од кои заситени 0 - 1,4 гр
Јаглехидрати 369,2 - 85,2 гр
од кои шеќери 0,1 - 2 гр
Протеини 6 - 10 гр
Сол: 0,02 гр
Влакна 1,5 - 5,5 гр
Одлично во комбинација со: