Органско ленено семе
Во кошничка имате 0 парчиња.
Има тиркизно - синкава боја и висина од 50 - 70 сантиметри, со тенко стебленце кое е мазно и прекриено со тесни лисја долги околу 2, 5 сантиметри – ова е описот на растението по име лен. Инаку семето на ова растение е сместено во мали капсули, топчиња. Семето од лен има сплескана, долгнавеста форма и светлокафена боја и се бере доцна во летото или во раната есен. По вкус знае да биде малку блуткаво, а мирис скоро и да нема.
Инаку органското семе од лен, располага со изобилство на есенцијални масла: Омега 3, 6, 9 и групата на витамини Б. Покрај ова тоа е богато со растителни влакна, протеини, калиум, магнезиум и цинк. Сето ова го прави погодно за дигестивниот систем на човекот, го нормализира нашиот метаболизам и го регулира апетитот и шеќерот во крвта. Препорачано од многу нутриционисти, семето од лен е достапно на само еден ваш клик.
Употреба: 1 - 2 лажици на ден, како додаток во салати, јогурт, житарки и сл. Пожелно е пред употреба да се сомеле.
| Наименување |
Органско семе од лен
|
| Тежина: |
500 гр
|
| Состојки |
Органско семе од лен
|
| Земја на потекло: |
Кина
|
| Пакување: |
Кеса
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
470 kcal / 1 941 kJ
|
| Масти |
34 гр
|
| од кои заситени |
8 гр
|
| Јаглехидрати |
7 гр
|
| од кои шеќери |
0,1 гр
|
| Протеини |
20 гр
|
| Сол |
0 гр
|
| Влакна |
28 гр
|
| Алергени |
Можна е крос - контаминација со глутен
|