×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органско чиа семе

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 129 ден.

Во Македонија нема некој што не ја знае песната “Чија си”, исто како што нема некој што не го знае и “Чиа Сид” или добро познатото чиа семе, мало на облик, но со голема моќ. Богато е со растителни влакна, кои помагаат во варењето на храната и одржувањето на здравјето на цревата. Чиа семето апсорбира големи количества вода, се шири во вашиот стомак, забавувајќи го апсорбирањето на храната, при што создава чувство на ситост, кое трае подолго време.

Чиа семето важи за силен антиоксиданс, кој штити од слободните радикали и го забавува процесот на стареење. Корисно е за коските и забите поради тоа што е богато со калциум, манган, фосфор и минерали кои се суштински за здравјето на коските и забите, што значи и дека спречува остеопороза. Тоа не содржи глутен и е одличен извор на протеини за веганите или вегетаријанците. Чиа семето е одгледувано природно, а потврда за тоа е и органскиот сертификат со кој располага.

Употреба: Една лажица (5 - 10 g.) чиа семе на ден, се попрскува врз салата или супа, или се додава во овошно смути или сок. Може да се додава во печени десерти и во домашен леб. Се консумира без мелење.  

Наименување Органско чиа семе
Тежина: 100 гр
Состојки 100% oрганско чиа семе
Земја на потекло Јужна Америка
Пакување: Хартиен цилиндер
Начин на чување Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 2489 kJ / 595 kcal
Масти 31 гр
од кои заситени 3 гр
Јаглехидрати 44 гр
од кои шеќери: 0 гр
Протеини 16 гр
Сол 0,05 гр
Влакна 38 гр
Одлично во комбинација со: