×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски лупен сончоглед

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 202 ден.

Грицкање сончоглед! За некои тоа е “спорт”, за други занимација, а за трети зависност од која тешко можеш да се одвикнеш. Сепак на крајот сите знаеме дека употребата на сончогледот може да биде здрава навика, се додека го користиме во умерени количини.   

Ова златно - жолто крцкаво хоби всушност содржи висок процент на масло, дури 50%, што автоматски го прави доста калорично.

Во кратки црти кажано сончогледот брзо и лесно може да нѐ најаде и да нѐ засити. Сончогледот покрај тоа што се користи за „грицкање“, слободно може да се користи и во салати, сосови, супи, но и како дел од леб и колачи. Органскиот лупен сончоглед располага и со органски сертификат, што говори за начинот на кој тој е одгледуван.

Употреба: Како додаток врз салати, ориз или зеленчукови јадења, во сурова форма или малку потпечени.

Наименување Лупени сончогледови семки
Тежина: 500 гр
Состојки 100% лупени сончогледови семки
Земја на потекло: Бугарија
Пакување: Кеса
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 593 kcal / 2416 kЈ
Масти 49 гр
од кои заситени 4 гр
Јаглехидрати 12 гр
од кои шеќери: 2 гр
Протеини: 22 гр
Сол 0 гр
Влакна 6 гр
Алергени Возможна е крос - контаминација со глутен
Одлично во комбинација со: