×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органско семе од сончоглед

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 74 ден.

Одвреме - навреме, секој од нас се „посветува” на грицкањето сончоглед. Тоа знае да биде здрава ужина, секако, доколку се консумира во умерени количини. Семките од органскиот сончоглед се богати со минерали кои го заштитуваат нашиот организам. Тие се преполни со здрави, незаситени масти и витаминот Е, кој има антиоксидантно дејство во телото. Покрај ова тој изобилува и со витаминот Б, железо, бакар, калиум, магнезиум и цинк. 

Сончогледот е растение кое живее околу една година, а може да порасне и до височина од 3 метри. Со жолти листови и темна средина, честопати возејќи се некаде сме забележале и сончогледови полиња, кои изгледаат навистина привлечно. Инаку интересен факт е дека тој потекнува од Мексико, а во Европа е донесен околу 16 век.

Употреба: 1 - 2 лажици на ден, како додаток во салати, јогурт, житарки и сл.

Наименување Органско семе од сончоглед
Тежина: 100 гр
Состојки Органско семе од сончоглед
Земја на потекло Романија
Пакување: Кеса
Начин на чување Да се чува на ладно и суво место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 593 kcal / 2416 kJ
Масти 49 гр
од кои заситени 4 гр
Јаглехидрати 12 гр
од кои шеќери: 2 гр
Протеини: 22 гр
Сол 0 гр
Влакна 6 гр
Алергени Можна е крос - контаминација со глутен
Одлично во комбинација со:

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се