Никулци дајкон
Во кошничка имате 0 парчиња.
Никулците дајкон претставуваат одлично освежување во вашето секојдневие. Тоа е така бидејќи тие располагаат со изобилство на витамини, минерали, ензими и други антиоксиданси, кои помагаат во исфрлањето на штетните токсини од организмот, односно прават целосна детоксикација на телото.
Најголем ефект никулците дајкон имаат кога се јадат сурови, потопени во лимонов сок и маслиново масло, на кое може да му се додаде и рендан морков. Но, тие играат и важна улога кога се додаваат и во пржена храна, претежно месо, бидејќи помагаат во варењето на истата. Кој било начин да го одберете нема да згрешите, бидејќи никулците дајкон имаат навистина позитивен ефект врз вашето тело.