×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски путер од кикирики

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 252 ден.

Овој путер се добива од кикирики кои се одгледувани природно, без вештачки ѓубрива и други артифициенти. Доказ за тоа е и органскиот сертификат со кој располага овој производ. Знаејќи го неговото потекло, знаеме дека и не постојат тајни за начинот на кој се прави. Откако ќе се соберат кикириките, тие се печат, па потоа ситно се мелат во вид на паста и на така добиената смеса се додава растително масло. Во целиот органски процес на подготовка, од кикириките се задржуваат сите важни нутритивни вредности.

Путерот од кикирики, содржи големи количества на белковини и е погоден за исхрана и на стари луѓе, кои не се во можност да ги внесуваат потребните количини на протеини преку другите видови на храна. Во путерот од кикирики, покрај белковините има и големи количества на мононезаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестеролот, притоа зголемувајќи го нивото на добриот холестерол. Некои истражувања во светот дури имаат покажано дека со умерена консумација на овој продукт, двојно го намалувате ризикот од срцеви болести. 

Употреба: Се употребува како намаз, или како додаток во десерти, пецива, смути.

Наименување Органски путер од кикирики
Состојки Органски кикирики, хималајска сол (0.5%)
Тежина: 200 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Тегла
Начин на чување Да се чува на ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 593,7 kcal / 2481,2 kJ
Масти 50 гр
од кои заситени 9,3 гр
Јаглехидрати 25 гр
од кои шеќери 9,3 гр
Протеини 21,8 гр
Влакна 6,25 гр
Сол 0,5 гр
Алергени Содржи јаткасти плодови
Одлично во комбинација со: