×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мортадела Болoња со ф"стак со заштитено географско потекло

Во кошничка имате 0 гр.
  • 680 ден.
  • 544 ден.

Мортадела Болоња  е направена од најквалитетното свинско месо, сертифицирана IGP (it. Indicazione geografica protetta - заштитена географска ознака) и е стар болоњски рецепт. Вкусот е сладок и избалансиран, без глутен и без додадени полифосфати. Мортаделата е одлична состојка за сендвичи, а веруваме и дека Ви доаѓа слатко кога ќе “украдете“ 1 - 2 парчиња директно од фрижидер.

Толку е специфична и ароматична што веднаш ја препознавате. Типичниот мирис на Мортадела Болоња IGP е роден од комбинацијата на најдобри селекции на италијанско месо и мудро искуство на компаниите кои, по свој рецепт, комбинираат зачини и природни ароми во единствена и неповторлива мешавина.

Како се произведува?

Се прави само од избрани делови на свиња (како плешка и врат) кои се ситно сечкани и на кои се додава свинска маст и мешавина од ароми и зачини.

Откако ќе се подготви, мортаделата има интензивна розова боја, во која се истакнува зелената боја на ф'стаци и белата боја на свинска маст.

Со мека, но компактна текстура во исто време, се карактеризира со веднаш препознатлива деликатна арома на непцето, што остава продолжено дејство.

 Нутриционистички вредности:

Мортадела Болоња е производ кој е во согласност со диктатите на модерната наука за исхрана: 100 гр. од мортаделата Болоња имаат околу 288 калории, помалку од чинија тестенини.

Понатаму, Мортадела Болоња има само 60 - 70 милиграми холестерол на 100 гр, како најдиетското бело месо. Внесот на холестерол е мал, а присуството на сол е ограничено.

Мортаделата содржи витамини Б1, Б2, ниацин.

Богата e со минерали како железо и цинк и, поради оваа причина, таа е идеална храна за оние на кои, извршувајќи одредена физичка активност, им треба точен внес на енергија.

Квалитетот постигнат при изборот на суровини и техники за преработка овозможува производство на мортадела која е особено прилагодена на потребите на денешниот потрошувач.

Производител Industriа Salumi Simonini S.p.A
Наименување Мортадела Болоља
Состојки Свинско месо, ф'стаци (1,6%), сол, зачини, природни ароми, антиоксиданс: Е301, конзерванс: Е250
Земја на потекло: Италија
Пакување Хартиена кеса
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература од 0/+4°C
Нутритивна вредност во 100гр
Енергетска вредност 1271kJ /307 Kcal
Масти 27гр
од кои заситени 11гр
Јаглехидрати <0,5 г
од кои шеќери <0,5 г
Протеини 16гр
Сол 1,8гр
Количина цена на кг
Алергени Може да содржи јаткасти плодови - ф`стак
Одлично во комбинација со:

Слични производи