×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Салама Спианата Пиканте

Во кошничка имате 0 гр.
  • 970 ден.
  • 776 ден.

Spianata Piccante, мека салама која го содржи целиот вкус на Калабрија.

Типична салама за регионот Калабриа, Спианата Пиканте е карактеристична по својата сплескана форма и сакана поради зачинетиот и типичен вкус. Името го добива по нејзината форма, Spianata значи сплескана, рамна.

Следејќи ја локалната традиција, овој специјалитет се подготвува само од италијанско свинско месо со потекло од Калабрија. Месото рачно се обработува и сецка и се додаваат парчиња свинска маст. Се зачинува со сол и типичното Пеперончино Калабрезе, што и го дава лутиот вкус. Се зрее во проветрени подрумски простории минимум 4 месеци,

Зреената салама конечно се сплескува и токму оваа фаза ѝ дава типична форма. Кога се сече е компактна и мека салама, додека употребата на зачини при обработката и дава интензивен и карактеристичен вкус. Тоа е производ кој знае да биде сакан во секоја прилика. Идеален за рустикален аперитив придружен со едноставен леб или фокача, или за уживање во вкусната солена пита со спианата и рикота. Спианата исто така може да стане состојка во зачините и различните рецепти во кујната: од кифлички до јадења со тестенини, за конечно да стигне до неизбежниот сендвич со спианата и пекорино сирење за целосно потопување во типичните производи од областа. 

Производител Industriа Salumi Simonini S.p.A
Наименување Салама Спианата Пиканте
Состојки Свинско месо, сол, природни ароми, зачини, декстроза, ароми, антиоксиданс: Е300, конзерванси: Е250, Е252.
Земја на потекло: Италија
Пакување Хартиена кеса
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература од 0/+4°C
Нутритивна вредност во 100гр
Енергетска вредност 1487 kJ / 359 Kcal
Масти 31гр
од кои заситени 12гр
Јаглехидрати <0,5гр
од кои шеќери <0,5гр
Протеини 20гр
Сол 3,9гр
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со: