Киноа со задушени слатки компири (намирници)
Во кошничка имате 0 парчиња.
Состојки за 4 лица:
- 250 гр. Alce Nero органска киноа
- 4 слатки компири со средна големина
- 2 см органски свеж ѓумбир Alce Nero
- 2 чешниња органски лук Alce Nero
- 1 слатка пиперка
- 4 млад кромид со средна големина
- Alce Nero органско екстра девствено маслиново масло (можете да го купите одделно тука)
- сол
- прстофат морско оревче
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите, прво исечете ги на кришки околу половина сантиметар, па исечете ги на ленти и на крајот исечете ги на обични коцки. Варете ги компирите во обилна солена вода околу 10 минути додека не омекнат, но без да се распаднат.
Сварете ја киноа во солена вода 12-15 минути. Откако ќе се свари, исцедете ја киноата и оставете ја на страна.
Излупете го и исечкајте го ѓумбирот на тенки парчиња, ситно исечкајте го младиот кромид, вклучувајќи го и зелениот дел, извадете ја дршката и семките од пиперката и исечете ја на кришки, и излупете го и ситно исецкајте го лукот.
Во нелеплива тава загрејте 4 лажици маслиново масло на тивок оган, ставте го исецканиот зеленчук, гответе 3 минути, потоа додадете го сварениот сладок компир, зачинете со сол и со прстофат морско оревче.
.
Киноа со задушени слатки компири (намирници) се состои од:
Наименување |
Намирници за подготовка на "Киноа со задушени слатки компири"
|
Количина |
8 оброци
|