×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Охридски домашни губи

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 87 ден.

Традиционални млечни Губи или како што мештаните ги нарекуваат “Охридски таљатели”. Направени се од млеко и од органски јајца собрани од околината на Трпејца. Овие охридски тестенини имаат вековна традиција, а рецептот за нивната подготовка се пренесува стотици години.  

Подготовката на губите е слична и со италијанските таљателиЗовријте еден литар вода, додадете сол и истурете половина од пакувањето на губите. Варете ги околу 5 минути, исцедете ја водата и тие се готови за ваше уживање. По ваша желба можете да им изрендате традиционално македонско сирење, жолто сирење или маслиново масло. А, препорака на Папас фуд е да ставите и 2 мали лажички охридско макало со лук за навистина да потонете во нивниот вкус. 

Наименување Тестенини со јајца и млеко
Состојки Микс од брашна, јајца и млеко
Тежина 400 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Кеса
Рок на траење 12 месеци по отворање на пакувањето
Начин на чување Суво и ладно место
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 370 kcal
Масти: 2 гр
од кои заситени 0,6 гр
Јаглехидрати 76 гр
Протеини: 11 гр
Одлично во комбинација со: