Лосос парче
Во кошничка имате 0 парчиња.
Лососот е анадромна риба која се изведува во свежа вода, мигрира во океанот, а потоа повторно се враќа во свежа вода за да се репродуцира. Тој е од истата фамилија со пастрмката, но и белвицата.
Високата содржина на масти му даваат богат и масен вкус.
Лососот е богат извор на омега – 3, омега – 6 масни киселини и калиум чија комбинација во голема мера придонесува за здравјето на срцето, бидејќи го намалуваат воспалението на артериите, го намалуваат нивото на холестерол и го одржуваат нивото на крвниот притисок.
Огромен извор на протеини. Лососот во својот состав ги има речеси сите 9 есенцијални аминокиселини во големи количества, со консумација на оваа риба ќе го подобрите здравјето на коските, на мозокот и ќе ја контролирате работата на тироидната жлезда.
100 гр. свежа риба Лосос содржи 121 калории, 5,4 гр. маснотии и 17 гр. протеини
Загрејте ја рерната на 180 °C. Ставете лист пергамент за печење на плех и поставете ги парчињата лосос. Исцедете црвен грав Red Kidney (https://domato.mk/p/92/crven-grav-red-kidney- ) . Наредете ги зрната во неколку купчиња околу лососот и додадете парчињата лимон во плехот за печење. Измешајте соја сос, мед и лук и со половина од смесата прелијте ги гравот и лососот. Гответе 15 минути, а потоа прелијте го остатокот од сосот врз лососот. Гответе уште 5 мин. Исцедете лимонот и послужете со тестенини или ориз.
Наименување |
Риба лосос
|
Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература од 2 - 6 ° C и да се конзумира во 2 - 3 дена
|
Количина |
парче (цца 350 гр)
|
Напомена |
Тежината може да варира + 50 гр / кг.
|
Одлично во комбинација со:
Во кошничка имате 0 парчиња.