×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органска црвена леќа

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 281 ден.

Овој производ е еден од најпопуларните кај сите вегетеријанци и оние кои практикуваат веганство. Сигурно се прашувате зошто? Одговорот лежи во фактот дека црвената леќа е составена од 25 % протеини, што ја прави одлична замена за месото. Таа е еден вид на протеинска бомба, исклучително корисна мешунка, која е огромен извор на железо, минерал кој често недостасува во вегетеријанската исхрана.

Со консумација на црвената леќа ќе имате голем број придобивки за вашето здравје. Една од нив е подобрување на работата на срцето, а друга е таа што го намалува нивото на шеќер во крвта. Ова ја прави доста погодна суровина во исхраната на луѓе кои се соочени со гликемија, па и затоа кај нив се препорачува и почеста употреба на црвената леќа. Црвената леќа од Био Космос е сертифициран органски производ, кој не содржи ГМО, но пред сѐ е вкусна храна која е препорачано да се користи во редовната исхрана.

Употреба: Се вари 20 - 30 минути или додека да омекне. Добро се комбинира со кромид, морков, куркума, кари и кокосово млеко во супа која е индиско традиционално јадење наречено ‘дал’.

Наименување: Органска црвена леќа
Тежина: 500 гр
Состојки: Органска црвена леќа
Земја на потекло: Турција
Пакување: Кеса
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 390 kcal / 1581 kJ
Масти: 2 гр
од кои заситени: 0 гр
Јаглехидрати: 64 гр
од кои шеќери: 0 гр
Протеини: 24 гр
Сол: 0,02 гр
Влакна: 10 гр
Алергени: Можна е крос-контаминација со глутен
Одлично во комбинација со:

Слични производи