Свеж лаврак
Во кошничка имате 0 парчиња.
Лавракот е риба која најчесто може да се најде низ морињата во Европа, но најзастапена е во Медитеранското море близу Италија. Токму од таму и го добила името кое е познато и кај нас – Бранцина. Морската риба е важен дел од човековата исхрана и истата се препорачува да се консумира барем еднаш неделно, што е доволно за да се внесат многу потребни хранливи состојки, важни за човековиот организам.
Подготовката на лавракот е едноставна, најпрво треба да ја исчистите од нечистотиите, да ја измиете добро и да ја зачините со морска сол. Потоа се попрскува и со маслиново масло и така се остава да отстои неколку часа. Откако ќе одлежи добро и ќе ги впие маслото и солта, рибата можете слободно да ја испечете во рерна или на скара.
| Наименување |
Свежа морска риба лаврак
|
| Земја на потекло |
Грција
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер од 0 - 6 степени. Може да се замрзне, свежа риба.
|
| Количина |
парче (400 - 600 гр)
|
| Напомена |
Тежината може да варира ± 10 %.
|