×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Свежа Скуша

Во кошничка имате 0 гр.
  • 790 ден.

Скуша е риба која се карактеризира со вертикални ленти на грбот и долги перки со длабоки засеци. Мала, масна риба која може да се јаде свежа или пушена и да се додаде во голем број јадења, вклучувајќи рижото, рибни колачи и тестенини, таа спаѓа во топ 10 намирници богати со омега – 3 масни киселини. Едно филе скуша е околу 90 гр., па обезбедува околу 5 гр. омега – 3 масни киселини.

100 гр. свежа риба Скуша содржи 189 калории, 11, 9 гр. масти и 19 гр. протеини.

Загрејте ја рерната на 220 °C. Ставете риба, ротквици и компири во плиток плех за печење врз хартиена подлога, посипете со 2 лажици маслиново масло и зачинете по вкус. Печете во рерна 30 минути, додека зеленчукот не омекне и порумени.

На страна изматете маслиново масло, јогурт, сок од лимон, лук, сечкан копар и зачини.

Извадете го зеленчукот од рерната и оставете да се излади 5 минути. Додадете го преливот во зелена салата по избор, одозгора ставете го печениот зеленчук, а рибата внимателно исчистете ја од коски и додадете ја одозгора. Посипете го остатокот од сосот одозгора.

Наименување Скуша
Земја на потекло Грција
Начин на чување Да се чува во фрижидер од 0 - 6 степени. Може да се замрзне, свежа риба.
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со:

Слични производи