Еко јајца од рурални кокошки
Во кошничка имате 0 парчиња.
Кокошките во Наша Фарма се чуваат во природна селска средина заедно со група на петли, односно се чуваат како „вистинско“ семејство. Ова значи дека над 90 % од нашите јајца се оплодени и се со полна нутритивна вредност. Покрај „природната атмосфера“ што им ја овозможуваме на нашата живина, Наша Фарма ги храни кокошките и петлите со пченка, пченица и јачмен, но и со природна храна, како што е тревата, бубачките и црвите. Сето ова допринесува за квалитетот на јајцата, кои содржат максимално ниво на витамини и минерали, што ги прави погодни и за деца и за возрасни.
За природноста и за здравјето кое се крие во нашите јајца говори и нивната форма и големина, ниедно јајце не изгледа исто на другото, сите се оригинални за себе, а одлични за вас.
| Наименување |
Органски јајца
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Картонска кутија
|
| Количина |
6 јајца
|
| Начин на земјоделство |
Еко
|