×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Тестенините се најпопуларното главно јадење во светот, симбол на италијанската кујна. Ова е причината зошто за Италијанците е толку важно тестенините да бидат правилно подготвени. 

Во Италија се произведуваат околу 3,9 милиони тони тестенини, со синџир на снабдување кој вклучува 120 компании, повеќе од 10 илјади вработени и речиси 200 илјади фарми посветени на обезбедување висококвалитетна тврда пченица. 
Има многу видови и форми на паста која може да ја комбинирате со класични сосови базирани на домати или да бидете креативни и да експериментирате со различни сосови, зеленчук и протеини. 

Тајната на добро зготвени тестенини се крие во квалитетната италијанска паста. Италијанските тестенини вообичаено имаат строги владини стандарди за квалитет и контролирана околина, и се прават со 100% тврда пченица. Ова значи дека италијанската паста е побогата со протеини. Додека пак обликувањето на истата се врши во бронзени калапи кои и овозможуваат површината да остане рапава, а истото придонесува за одлична отпорност при готвење и подобро впивање на сосовите.

Оваа селекција изобилува со тестенини и традиционални производи за подготовка на најпознатите паста специјалитети. Избери, експериментирај и уживај во Pasta Italiana :)

Pasta Italiana

 
парче (цца 350 гр)
630 ден.