×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зелен чај

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 135 ден.

Секој од нас чул за благотворното дејство кое зелениот чај го има врз организмот на човекот. Тој уште во дамнешни времиња се користел за одржување на баланс во телото и како превентивен напиток за многу болести. Зелениот чај има  полн вкус и препознатлива силна арома. Но, најважно е дека тој изобилува со антиоксиданси кои се задолжителен дел од човековата исхрана и ни помага да бидеме витални и полни со енергија во текот на целиот ден.

Покрај очигледните бенефити од чајот, постојат истражувања дека катехините кои се содржани во него, предизвикуваат термогенеза односно загревање на телото, што доведува до топење на калориите, а со тоа и губење на телесната маса. Со дневна консумација од 3 шолји зелен чај  вие ќе успеете да го забрзате организмот, ќе го наполните телото со витамин Ц и ќе му помогнете во работата на вашето срце.

Употреба: 1 голема лажица се полева со 1 литар вода на температура од околу 80 степени, и се остава да остои 10 - 15 мин., или додека не се добие саканиот вкус.

Наименување: Зелен чај
Состојки: Зелен чај
Тежина: 100 гр
Земја на потекло: Кина
Пакување: Кеса
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата

Слични производи