Еколошки oмекнувач со бел мошус и хелиотроп
Во кошничка имате 0 парчиња.
Омекнувачот е „шлаг на тортата“ кога станува збор за нега на алишта. Влегува во циклусот само во последните фази на перењето со задача да ги намириса и омекне влакната на алиштата. Сепак, тој последен стапува во контакт со нив, така што е навистина важно да има добар однос со кожата. Ова е причината зошто сите омекнувачи на WINNI’S се хипоалергени и тестирани за присуство на никел, хром и кобалт (вредност < 0,2 делови на милион). Формулиран е да биде нежен со кожата, а наменет е и за најмалите.
Зошто е добар?
Сите WINNI’S омекнувачи имаат интензивни биоразградливи мириси. Мирисот на хелиотроп и бел мошус на алиштата им дава чувство на спокој и задоволство. Одобрен од Veganok и исполнува SkinEco стандарди.
Начин на употреба:
За да добиете мека алишти, потребен ви е добар омекнувач: WINNI’S ја опушта стуктурата на влакната од ткаенините, ги намалува наслагите од бигорот во водата кај истите и го олеснува пеглањето. Благодарение на неговата суперконцентрирана формула, доволна е само мала доза. Производот не се истура директно на алиштата, туку во специјалната преграда за омекнувач на машината за перење. Дозирањето е соодветно на количината на алишта, како што е покажано на задната етикета на производот.
Добро е да се знае:
Ризично е да го замените омекнувачот на пример со оцет, затоа што содржи оцетна киселина која може да ги кородира металните делови на машината за перење и со тоа да ја загади водата потребна за плакнење. Покрај тоа што облеката е мека и убаво мириса од омекнувачот, тој и ја штити: оштетување предизвикано од често перење и од самото носење!
Наименување |
Омекнувач со мирис на хелиотроп и бел мошус
|
Тежина |
1,47 л
|
Земја на потекло: |
Италија
|
Пакување |
Еко пластика
|
Рок на траење |
6 години од датата на производство
|